Често поставувани прашања
Одговори на најчестите прашања за платформата.
Закажување часови
Пребарај тутор по предмет или избери предмет по година, отвори го профилот на туторот, избери слободен термин и потврди. Пред потврда ќе ги видиш надоместот за туторот, надоместот за платформата и вкупната цена во денари (MKD).
Не. Барањето прво оди кај туторот, а терминот се задржува 30 минути додека тој одговори. Ако туторот не одговори во тој рок, барањето истекува, терминот повторно е слободен, а задржаните средства автоматски ти се враќаат на сметката.
Еден термин трае 60 минути. Ако туторот има два последователни слободни термина, при закажување можеш да избереш и два часа одеднаш — цената тогаш се удвојува.
Часовите се целосно онлајн, во живо преку видео-линк (Google Meet или сопствен линк од туторот). Линкот ќе се појави кај терминот во „Мои часови“ и ќе го добиеш на е-пошта штом туторот ќе го одобри часот.
Телефонскиот број е потребен за потврда на терминот и за контакт ако нешто тргне наопаку со часот. Ако не си го внел/а, ќе те однесеме на „Поставки на сметката“ да го додадеш пред потврдата.
Ако откажеш најмалку 24 часа пред почетокот, задржаните средства целосно ти се враќаат. При откажување помалку од 24 часа пред почетокот се наплатува целиот износ. Ако туторот го одбие или откаже часот, или барањето истече, средствата секогаш се враќаат во целост.
Директно поместување сè уште не е достапно. Откажи го постојниот термин (најдоцна 24 часа пред почетокот, за да ти се вратат средствата) и закажи нов термин кај истиот тутор.
По завршен час, кај терминот во „Мои часови“ ќе се појави копчето „Оцени го часот“ — избираш од 1 до 5 ѕвезди и по избор пишуваш коментар. Секој час може да се оцени еднаш.
Средства и плаќања
Оди на „Дополни и прегледај средства“ од твојот профил, избери еден од понудените износи или внеси сопствен, и плати безбедно со платежна картичка преку cPay. Средствата се додаваат на твојата сметка веднаш по успешно плаќање.
Сите износи на платформата се во денари (MKD). Часовите се плаќаат од состојбата на твојата сметка, а не одделно при секој час.
Во делот со средства има поле „Искористи купон“. Внеси го кодот и вредноста веднаш се додава на твојата сметка. Секој купон може да се искористи според своите услови и рок на важење.
Вкупната цена (надоместот за туторот плус надоместот за платформата) се задржува веднаш при праќање на барањето, за да биде терминот сигурен. Задржаните средства не се распределуваат сè додека часот не се заврши и не измине рокот за приговор.
Копчето за потврда ќе покаже дека немаш доволно средства и колку MKD ти се потребни за тој термин. Дополни ја сметката и врати се на закажувањето.
Не. Средствата на сметката се користат само за плаќање часови на платформата. Затоа дополнувај износ што планираш да го искористиш за часови.
Во рок од 24 часа по завршувањето на часот можеш да отвориш приговор кај тој термин во „Мои часови“ и да опишеш што се случило. Администратор ќе го разгледа случајот и може целосно или делумно да ги распредели задржаните средства.
По завршувањето на часот тече рок од 24 часа за приговор. Ако нема приговор, часот се затвора: надоместот за туторот се подготвува за исплата, а надоместот за платформата се евидентира.
За тутори
Регистрирај се и на прашањето „Сакам да“ избери „Предавам“. Потоа во „Мојот кабинет“ пополни го профилот — предмети што ги предаваш, неделна достапност, цена по час и телефонски број. Штом профилот е комплетен, се појавуваш во пребарувањето и можеш да примаш барања.
Ти ја поставуваш својата цена по час и ја добиваш во целост. Надоместот на платформата се пресметува одделно и му се прикажува на ученикот пред потврда, а во делот „Заработка“ ги гледаш бруто износот, провизијата и нето заработката по час.
Заработката од завршен час станува подготвена за исплата откако ќе измине 24-часовниот рок за приговор. Исплатите потоа се обработуваат во серии кон твојата банкарска сметка — статусот и износите ги следиш во „Заработка“.
Барањето истекува 30 минути по праќањето, терминот повторно станува слободен, а средствата му се враќаат на ученикот. Затоа вреди да ја држиш достапноста ажурирана и брзо да одговараш на барањата.
Да, преку делот со барања и часови. При откажување од твоја страна средствата целосно му се враќаат на ученикот, без оглед на тоа колку време останало до часот.